Приказната за најголемиот грабеж на банка кој ја инспирираше познатата ТВ серија "La Casa de Papel"

Приказната за најголемиот грабеж на банка кој ја инспирираше познатата ТВ серија "La Casa de Papel"

02. 09. 2020.

Тунел до банка кој криминалците го копале со денови и успеале да однесат повеќемилионска сума. Звучи познато? Дознајте како течела организацијата на еден од најголемите грабежи во историјата.

Во бразилскиот град Форталеза во 2005-та година, група на криминалци изнајмуваат куќа во близина на Централната банка на Бразил и почнуваат со копање на тунел.

За камионите кои секојдневно ја носеле ископаната земја да не привлечат преголемо внимание, тие на соседите им рекле дека работат на средување на градината на куќата која ја изнајмиле.

Три месеци интензивно работеле на копањето на тунелот кој на крајот имал должина од дури 200 метри.

Тунелот бил ископан под два стамбени блока, зајакнат бил со даски и обложен со пластика. Спроведено било и електрично осветлување и систем за циркулација на воздухот. Бразилските власти претпоставуаат дека бандата броела 10 членови, додека многумина пак сметаат дека заедно со надворешните соработници, бандата броела околу 25 членови. 

Начинот на кој била ограбена банката потсетува на сценариото на познатата ТВ серија "La Casa de Papel".

Криминалците откако го ископале тунелот под банката, успеале да го пробијат ѕидот со дебелина од неколку метри. Ѕидот исто така бил зајакнат и со метална облога, а самиот сеф бил опремен со детектори за движење и камери кои не се активирале. Поради тоа, бразилската полиција се сомнева дека криминалците имале доверливи информации од некој кој работел во банката и точно знаеле каде се наоѓа големиот сеф. Истрагата била дополнително отежната затоа што банката дознала за грабежот дури два дена по „операцијата“ на криминалците. 

Од сефот биле украдени 5 контејнери тешки 3,5 тони полни со банкноти со вредност од околу 71 милион долари. Банкнотите не биле обележани, што значи дека е невозможно да им се влезе во трага.

До 2007-ма година после неколку киднапирања, апсења и мистериозни смртни случаи кои се поврзуваат со овој случај, вратени се само 8,93 милиони долари.

извор: index24.mk