Франција: Со Закон забрането  да  се исмеваат луѓе кои зборуваат на акцент

Франција: Со Закон забрането да се исмеваат луѓе кои зборуваат на акцент

01. 12. 2020.

Законот има за цел да забрани дискриминација поради акценти, особено во работата“

Оваа недела, францускиот парламент усвои невообичаен предлог-закон против дискриминација на луѓе кои зборуваат француски јазик со одреден акцент, а законот предвидува и големи казни, до три години затвор и 45.000 евра, пренесуваат локалните медиуми.

Со 98 гласа „за“ и три „против“, парламентот го усвои предлог-законот со кој се забранува навредување и исмевање на нечиј акцент.

Законот ќе биде додаден на веќе долгата листа на различни форми на дискриминација содржани во Кривичниот закон и Законот за работни односи.

Така, дискриминацијата врз основа на различен јазичен акцент ќе се казнува, како и другите форми на дискриминација - врз расна, етничка и религиозна основа, како и поради сексуална ориентација.

Законот е предложен од пратеник од јужна Франција, Кристоф Узе, а текстот веднаш во првото читање бил усвоен.

Законот има за цел да ја промовира „различноста во изговорот на францускиот јазик и да забрани дискриминација поради акценти, особено во работата“, додаде пратеникот.