Над 40% од високообразовниот кадар заминал во cтранcтво

Над 40% од високообразовниот кадар заминал во cтранcтво

02. 03. 2021.

Одливот на високообразовани луѓе во Македонија станува сериозен проблем

Одливот на високообразовани луѓе во Македонија станува сериозен проблем. Заминувањето на високообразовани граѓани во странство резултира со недостиг на образован и квалификуван кадар во фирмите во земјава.

Во 2010-та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образовани луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство. Девет години под состојбата е драстично влошена.

„Според последните податоци и издадената анализа во 2019-та година стапката високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изnesuva скоро 40% или повеќе од една третина од високообразованиот кадар“, нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ на државните ревизори.

Министерството за внатрешни работи регистрирало 5.000 нови луѓе кои пријавиле престој во странство – или ја напуштиле Македонија. Според Државниот завод за статистика, пак, само за една година за повеќе од четири пати е зголемен бројот отселени граѓани со високо образование, драматично се зголемува бројот. 

извор: bulevar.mk