Гужвите на границите почнаа! Вооружете се со трпение и вода!

Гужвите на границите почнаа! Вооружете се со трпение и вода!

01. 07. 2021.

1 Јули и олеснетите услови за влез во Грција донесоа големи гужви на границите. Прво на Табановце за влез во Македонија а потоа и на Богородица за излез од Македонија и пат кон Халкидики.

Фотографиите од Српските туристи кои Македонија ја користат како транзит велат дека на Табановце т.е Прешево има 4 полни ленти а се чека подолго од половина час.

На Богородица пак ситацијата е слична.

Грција во изминатиов период неколку пати ги олеснуваше условите за влез, на почетокот строгите правила наложуваат ПЦР тест за сите, за денес тој д а биде задолжителен за лица над 12 години а исто може да се влезе со доказ за прележан Ковид или со антиген тест.

Се признаваат сите вакцини но од втората доза мора да има поминато 14 дена.

Од денес е најавено дека Евзони ќе работи 24 часа а ќе се отворат и премините Дојран и Меџитлија кај Битола.

Останува задолжителната регистрација за ПЛФ документ.

За следење во живо на состојбата на Граничниот премин Богородица кликнете ОВДЕ