Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во државава

Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во државава

17. 02. 2022.

Еве кои градови се покриени...

Македонски Телеком денес ja пушти првата комерцијална 5G мрежа во државава  и овозможи користење на 5Г услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.

Со 5G сигнал се покриени 15 градови и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.

Од Телеком велат дека се подготвени да овозможат супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување на радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Засега, 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината.