Забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година
Актуелно

Забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година

29. 08. 2026.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2026 година, поради сè уште зголемената опасност од појава на шумски пожари.

Одлуката е донесена по барање на ЈП „Национални шуми“, а забраната се однесува на шумите и шумското земјиште со кое стопанисува ова јавно претпријатие. Таа важи во периодот од 00:00 до 24:00 часот.

Од Министерството апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита од пожари. И покрај постепеното приближување кон крајот на летото, високите температури и сувите услови и понатаму создаваат ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор.

Граѓаните се повикуваат да избегнуваат активности со кои може да се предизвика пожар и да придонесат за заштита на шумите и природните ресурси. Особено внимание е потребно при користење оган на отворен простор, со оглед на тоа што и мала невнимателност во услови на суво време може да предизвика пожар.

Забраната е превентивна мерка со која се настојува да се намали ризикот од нови пожари и да се заштити шумскиот фонд во периодот на зголемена опасност.