Adient Automotive - eксклузивен учесник на Најголемиот регионален саем за вработување ве повикува да станете дел од нивното големо семејство!

Adient Automotive - eксклузивен учесник на Најголемиот регионален саем за вработување ве повикува да станете дел од нивното големо семејство!

16. 10. 2022.

Ви го претставуваме ексклузивниот изложувач на Најголемиот регионален саем за вработување - Adient Automotive

Адиент е американска компанија и глобален лидер во полето на системи за ентериер на возила. Компанијата е распространета на повеќе од 200 локации низ светот.

Главен мотив кој нѐ води напред е врвниот квалитет на нашите производи, континуирано подобрување преку воведување на иновации како резултат на посветената работа на речеси 3.200 вработени, само во Македонија. Во Македонија, лоцирани сме во Штип и Струмица. Наша специјалност, во Македонија е производство на навлаки за автомобилски седишта со врвен квалитет за сведски лидери во автомобилската индустрија. Работиме на постојано подобрување на нашите производи преку следење на технологијата и континуирана едукација на вработените. Нашиот тим е составен од млади, мотивирани и креативни потенцијали.

Почитувани идни колеги, Ве охрабруваме, повикуваме и Ве очекуваме да бидете и Вие дел од нашето големо семејство.

ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СÉ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА МОЖЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА АДИЕНТ НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ СЕ ОДРЖУВА ОД 17 - 21 ОКТОМВРИ.