На второто место е Париз со 12.700 евра за квадрат, а трет е Виена со 12.400 евра. Истражувањето опфаќа 69 градови, од кои 28 се во Европа.
Меѓу европските градови со најевтини недвижности се Истанбул, каде квадратот чини околу 2.600 евра, и Атина со 3.440 евра. Во Брисел просечната цена е 4.300 евра.
Сепак, најскапиот пазар на недвижности во целата анализа не е во Лондон, туку во Цирих, каде квадратен метар достигнува 22.900 евра. Во Женева цената е околу 19.000 евра.
Тоа значи дека стан од 80 квадратни метри во центарот на Цирих би чинел приближно 1,8 милион евра.
Од другите европски градови, Прага има цена од 8.350 евра за квадрат, Варшава 5.400, а Будимпешта околу 5.200 евра. На глобално ниво, Хонгконг е најскап со 23.700 евра за квадрат, додека најевтини се Каиро и Јоханесбург.
