Нова цена на горивата: Убава вест за оние кои возат на дизел!

Нова цена на горивата: Убава вест за оние кои возат на дизел!

31. 10. 2022.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28.10.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.

Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 90,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 92,50​ (денари/литар)
  • Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 99,00 (денари/литар)
  • Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 96,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 50,067 (денари/килограм)

извор: centar.mk