Највисоки цени се постигнати за становите во Белград на вода, каде што најскапиот квадрат е продаден по цена од 10.184 евра, додека најскапиот стан со вкупна површина од 383 метри квадратни е платен за 2.469.888 евра. .
Градот Белград забележал најголем број купопродажни договори, вкупно 9.547. Најголем дел од парите се потрошени за купување станови, 55 отсто или 1,2 милијарди евра.
Би можело да ве интересира: Авиолинија Белград – Охрид од 5 јуни потврдуваат од ТАВ
Бројот на продадени станови во четвртиот квартал од минатата година е зголемен за 0,6 отсто во однос на истиот период од 2021 година.
Што се однесува до начинот на плаќање, девет отсто од целокупниот недвижен имот е платен од кредити, што е за четири отсто помалку во однос на претходниот период, а становите најмногу се плаќале од средства за заем, вкупно 21 отсто.
