Сметаат дека за достоинствен живот платите и натаму треба да растат. Со 2.000 денари плус помладите велат дека би си купиле некое парче гардероба, а оние кои имаат деца за издржување, приоритет им се сметките и храната.
„И за 4.000 денари да се зголемат платите, пак е малку. Со 2.000 денари, самец ќе може да живее 4 дена, но не може повеќе“, вели Златка Георгиевска, граѓанка.
Друга жена вели дека со покачувањето од 2.000 денари, граѓаните можат да набават повеќе намирници од претходно, но семејниот буџет повторно ќе биде тенок.
„Живеам сама, сметката за струја ми е 1.800 денари, така што со тие пари можам да си платам една сметка. Треба уште да се покачуваат платите“, додава Вера Петрушевска, граѓанка.
Целиот текст прочитајте го на: faktor.mk
