Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата

Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата

08. 04. 2023.

Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање.

Американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) објави податоци од кои произлегува дека е соборен претходниот рекорд од 2016 година, кога температурата на океаните во овој период од годината била 21 степен, пишува Гардијан.

Би можело да ве интересира: Дел од праските и сливите имаат штети, но дали преспанските јаболка ќе ги „преживеат“ студените денови?

– Сегашната траекторија на пораст на температурата на океаните ги урива сите претходни рекорди, а се чини дека бројките ќе бидат уште повисоки, изјави климатологот од Универзитетот во Нов Јужен Велс, професор Метју Ингланд.

Извор: sitel.com.mk