Македонска компанија дава бонус од 3000 денари, за тие кои ќе доаѓаат со велосипед на работа

Македонска компанија дава бонус од 3000 денари, за тие кои ќе доаѓаат со велосипед на работа

10. 06. 2023.

Но има еден услов

За оние кои барем 10 пати во текот на јуни користат „eco-friendly”, следува бонус од 3.000 денари

-Овој месец ве покануваме да ги оставите своите автомобили дома и да дојдете на работа со белосипед или тротинет. Да ги негуваме здравите животни навики, да ја зачуваме животната средина и да ги намалиме емисиите на СО2 во воздухот. Секој од вас кој најмалку 10 дена во месецот ќе доаѓа на работа со велосипед или тротинет ќе биде награден со бонус од 3.000 денари, апелира Макстил.

Една од целите на Макстил е и намалување на јаглеродниот отпешаток, па во јуни ги повикаа своите вработени наместо автомобил, да користат велосипед или тротинет за да дојдат на работа.