Овој рекорд е посебно ненадеен затоа што се случува рано во текот на годината, а не на почетокот на септември, која северниот дел од Атлантскиот Океан вообичаено е најтопол.
Претходниот рекорд е измерен на почетокот на септември минатата година и изнесува 24,89 степени Целзиусови, што е незначително помалку од годинава. Се очекува дека температурата на површината на океанот ќе продолжи да расте во текот на август, па се очекува ново рушење на рекордите.
Северниот дел од Атлантикот стана симболична точка на набљудување на прекумерното загревање на океаните на нашата планета под влијание на климатските промени предизвикани од емисијата на стакленички гасови.
