Најниската пензија се покачува за 626, а највисоката за 3.675 денари

Најниската пензија се покачува за 626, а највисоката за 3.675 денари

29. 02. 2024.

Пензијата се очекува да биде исплатена во редовниот термин на први март 2024 година во петок.

Од следниот месец согласно методологијата пензиите ќе скокнат за 5 проценти.

Најниската пензија се покачува за 626, а највисоката за 3.675 денари согласно новата методологија. Најниска пензија со септемвриското зголемување изнесува 12.527 денари, а највисоката 73.502 денари. Пластично објаснето тоа значи дека пензионерите со најниска пензија ќе добијат 626 денари покачување, а оние со највисока пензија зголемувањето е од 3.675 денари. Пензионерите со пониски пензии покрај ова ќе добиваат помош и до 3.000 денари.