Споделувајќи го видеото на ТикТок, тој појаснил дека го посетил ресторанот „Paul Bocuse“ во Лион каде пилешкото „Bresse“ чини 290 евра.
„Беше многу кул да гледате како пилешкото излегува од надуваниот свински меур, имаше прекрасен сос од печурки и павлака, но нема шанси повторно да го нарачам ова пилешко. Искрено, сум јадел и подобро, но пилешкото не е сѐ што нарачавме“, навел тој во видеото.
Покажувајќи како всушност изгледа ова јадење истакнал дека станува збор за пилешко од 290 евра и дека тоа би можело да биде најскапото во светот.
„Пилешкото со тартуфи се подготвува во свински меур и доаѓа со сос којшто е прилично добар, но на крајот на денот имаше вкус како многу добро пилешко, а за 290 евра мораше да ме воодушеви“, навел тој во видеото.
Ресторанот го носи името по францускиот готвач Пол којшто бил еден од највлијателните и најпознати француски готвачи. Тој починал во 2018 година, а неговите ресторани се светски познати.
