7 работи што треба да ги знаете за Employer Branding-от

7 работи што треба да ги знаете за Employer Branding-от

14. 05. 2024.

Начинот на кој ги третираме вработените може да има огромни последици за нашиот имиџ во јавноста.

  1. Половината од трошоците за вработување и обука се намалуваат ако компанијата има одлична репутација.
  2. 55% од потенцијалните апликанти  одлучуваат да не  аплицираат на оглас откако прочитале  негативни рецензии за тој работодавач.
  3. Компаниите со лоша репутација во просек имаат 10% поголеми плати за да го надокнадат брендирањето на работодавачот.
  4. Високите 92% на вработените би сакале да работат во компанија со подобра репутација и да ја напуштат својата моментална работа.
  5. Три најчести платформи за ширење на гласот за добриот имиџ на работодавачот се веб-страниците (69%), професионалните мрежи и портали (61%) и социјалните мрежи (47%).
  6. 59% од водечките регрутери работат на зголемено инвестирање во брендирањето на работодавачот и го гледаат како основа на општата HR стратегија на компанијата.
  7. Откако чуле за лошиот третман на вработените, дури 64% од потрошувачите престанале да купуваат услуги или производи од таа компанија.

Овие податоци можат да ви послужат за освестување на важноста на брендирањето на работодавачот и да започнете со активности со кои ќе избегнете наведените ситуации.