Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,819 ден/кг. и ќе изнесува 44,458 ден/кг.
