Државата е немоќна против дивите таксисти во туристичките места - Еве на што треба да внимавате!

Државата е немоќна против дивите таксисти во туристичките места - Еве на што треба да внимавате!

03. 09. 2024.

Познатиот туристички водич Спасе Манев, со препораки, како туристите да се спасат од измамите на дивите таксисти, во екот на туристичката сезона.

- Како и секое туристичко место во светот, така и Македонија има проблем со дивите таксисти и нереалните цени за превоз. Многу диви таксисти ќе сретнете во туристичките места како Охрид, Струга и Скопје, но и на некои други места. Проблемот е што државата е немоќна против нив. Но не само во нашата држава, туку ова е пракса и во многу други земји, вели тој во својата објава објавена во фејсбук групата „Патувања низ Македонија“

Тој упати и неколку совети до сите кои во иднина сакаат да одат со такси до некоја дестинација:

- Не фаќајте такси на улица, туку зачувајте си неколку броеви од такси компании и кога ќе ви треба превоз, јавете им се.

- Доколку таксито нема таксиметар, не се возете со тоа такси.

- Иако има такси станици на неколку локации во градовите, таму знаат да чекаат и диви таксисти.

Извор: skopjeinfo.mk