Промените се поттикнати од зголемената безбедносна неизвесност во Дубаи, но и од поволните даночни режими што ги нуди Италија. Градот кој до неодамна важеше за главна дестинација за богатите, сега полека ја губи таа позиција, додека Европа повторно станува привлечна.
Според анализи на британски медиуми, сè повеќе богати инвеститори и бизнисмени бараат нов дом во Европа, а Милано – финансиски и моден центар на Италија – е меѓу првите избори.
„Италија нуди одлични услови – единствен данок и висок квалитет на живот“, вели консултантот Арман Артон, кој работи со мултимилионери и милијардери што се преселуваат преку инвестициски програми.
Клучен фактор е специјалниот даночен режим воведен во 2017 година, кој им овозможува на странските резиденти да плаќаат паушален данок од 300.000 евра годишно за приходите остварени во странство – сума што за најбогатите е релативно ниска.
Милано веќе чувствува последици од овој тренд. Цените на недвижностите пораснале за 38 проценти во последните пет години, а градот го надмина Венеција како најскап во Италија, со просечна цена од над 5.100 евра по квадратен метар.
Во елитните населби како Брера и околината на Дуомо, побарувачката драматично расте, а бројот на странски купувачи е зголемен за 30 до 40 проценти во последните две години.
Сепак, останува отворено прашањето дали Милано навистина ќе успее целосно да го замени Дубаи како глобален центар на ултрабогатите. Но трендот е јасен – светската елита веќе почна да го менува курсот.
Извор: faktor.mk
