По циклонот од Јонско Море, доаѓа долгоочекуваната пролет!
Актуелно

По циклонот од Јонско Море, доаѓа долгоочекуваната пролет!

02. 04. 2026.

По влијанието на зимскиот циклон кој доаѓаше од Јонско Море и донесе пониски температури и нестабилни временски услови, веќе од следната седмица се очекува значителна промена на времето, објави метеорологот Славчо Попоски.

Тој најавува стабилизирање на атмосферата, со постепен пораст на температурите и повеќе сончеви периоди низ целата земја. Временските услови ќе се движат кон типично пролетен амбиент, со пријатни дневни температури и намалена можност за врнежи.

Според најавите, студениот бран ќе биде заменет со потопол воздух, што ќе донесе вистинско пролетно време по подолг период на нестабилност.

Оваа промена ќе овозможи подобри услови за активности на отворено, како и постепено враќање на сезонските температури карактеристични за овој период од годината.

Извор:faktor.mk