Нарекувањето некого “ќелав„ се смета за сексуално вознемирување?
Актуелно

Нарекувањето некого “ќелав„ се смета за сексуално вознемирување?

15. 08. 2025.

Така одлучи судот во Велика Британија!

Нарекувањето на маж „ќелав“ сега може да се третира како сексуално вознемирување – одлучи Трибуналот за вработување во Велика Британија.

Тројцата членови на Трибуналот, повикувајќи се на сопственото искуство со опаѓање на косата, оцениле дека ќелавоста е многу почеста кај мажите отколку кај жените. Поради тоа, сметале дека користењето на зборот „ќелав“ како навреда е поврзано со „заштитена карактеристика на полот“.

Трибуналот го споредил овој случај со коментирање на големината на женските гради – пример од судска постапка во 1995 година.

Пресудата произлегува од случајот на Тони Фин, кој речиси 24 години работел како електричар во британската компанија Bung Manufacturing. Тој добил отказ во 2021 година, што го сметал за неправеден, па поднел тужба. Фин тврдел дека надзорникот му се заканувал и го нарекувал „ќелав“ во јули 2019 година.

Судиите утврдиле дека таквата навреда претставува повреда на достоинството на работникот и е директно поврзана со неговиот пол. „Иако вулгарниот јазик е чест во фабриката, господинот Кинг ја премина границата со лични забелешки за изгледот на подносителот на барањето“, се наведува во пресудата.

Фин ќе добие парична отштета, а износот ќе биде дополнително утврден.