Скопје и Тиват се поврзуваат со директни летови: Линијата стартува од 1 мај!
Актуелно

Скопје и Тиват се поврзуваат со директни летови: Линијата стартува од 1 мај!

30. 10. 2026.

Патувањето од Скопје до црногорското приморје наскоро ќе биде полесно. Од 1 мај 2027 година се најавува воведување директна авиолинија меѓу Скопје и Тиват, со два лета неделно.

Новата авионска врска треба да им овозможи на патниците побрз пристап до едно од најпопуларните летувалишта во Црна Гора, но и да ја поттикне туристичката размена и деловната соработка меѓу двете земји.

Линијата ја најави министерот за транспорт Александар Николоски на заедничка прес-конференција со црногорскиот вицепремиер Филип Ивановиќ. Според најавите, договорот е резултат на разговорите за подобрување на авионската поврзаност меѓу Македонија и Црна Гора.

На средбата било договорено и организирање бизнис-форум следната година, на кој ќе учествуваат компании од двете земји.