Понекогаш едноставно знаете дека е време за промена. Платата не го следи вашиот труд, секој работен ден ви изгледа исто, а мислата за нова работа никако не ви излегува од глава.
А понекогаш, да бидеме реални, сосема ви е добро таму каде што сте. Работата оди како што треба, колегите се одлични и немате некоја посебна причина да разгледувате огласи за вработување.
Но... Малку љубопитност никогаш не е на одмет. Кој знае, можеби некаде ве чека можност за која досега не сте ни размислувале.
Регионалниот саем за вработување е во тек! До 27 октомври на едно место можете да ги истражите понудите на компаниите од Македонија и регионот, да ги запознаете нивните тимови и да откриете како би можел да изгледа вашиот следен чекор во кариерата.
Погледнете што се крие зад огласот за работа
Називот на работната позиција и листата со работни задачи се добар почеток, но сигурно ве интересира и нешто повеќе.
Каква е атмосферата во тимот? Како изгледа еден типичен работен ден? Дали постојат можности за учење, усовршување и напредување?
На виртуелните штандови на компаниите можете:
-
Да ги разгледате отворените работни позиции и да пронајдете можности што одговараат на вашите знаења, искуство и интереси.
-
Да се запознаете со работната средина преку фотографии, видеосодржини и искуства на вработените.
-
Да разговарате со претставниците на компаниите преку чет и да прашате сè што ве интересира – од условите за работа и платата, до начинот на аплицирање.
-
Да испратите апликација кога ќе пронајдете работна позиција што ќе ви го привлече вниманието.
Со утринското кафе или доцна навечер – вие одлучувате!
За да го посетите Саемот, потребни ви се само интернет и мобилен телефон, таблет или компјутер.
Можете да ги истражувате можностите за вработување во кое било време од денот или ноќта, без патување, без чекање и без потреба да го приспособувате распоредот.
А преку четот, во периодите кога претставниците на компаниите се достапни, можете да добиете и одговори од прва рака.
Секако, не мора секоја посета на Саемот да заврши со испратена апликација.
Можеби само ќе добиете појасна претстава за тоа што се нуди на пазарот на трудот и што навистина очекувате од вашата следна работа.
А можеби токму еден оглас ќе ве натера да помислите: „Ова би можело да биде вистинската работа за мене!“
Запознајте ги компаниите што учествуваат на Саемот
Годинешниот Регионален саем за вработување обединува бројни домашни и регионални работодавачи од различни индустрии, кои ги претставуваат своите тимови, работната култура и можностите за професионален развој.
Меѓу учесниците се Алкалоид, Телеком, Стопанска банка АД – Скопје, Transcom, dm-drogerie markt, Valamar Riviera, Нептун, Lactalis, Lidl, Inditex, MaxBet, Мотоцентар, FRONTWISE и многу други.
Без разлика дали ве интересираат трговија, банкарство, технологија, фармацевтска индустрија, туризам или некоја сосема поинаква област, Саемот е одлична можност да истражите различни професии и да запознаете потенцијални работодавачи.
Дајте ѝ шанса на љубопитноста. Вашата следна работа можеби започнува со само еден клик!
Посетете го Регионалниот саем за вработување и откријте ги можностите што ве очекуваат до 27 октомври!
