„МојДДВ“ повторно во функција: Заврши надградбата на системот, граѓаните можат да продолжат со скенирање
Актуелно

„МојДДВ“ повторно во функција: Заврши надградбата на системот, граѓаните можат да продолжат со скенирање

24. 06. 2026.

Апликацијата „МојДДВ“ е повторно во функција и е целосно достапна за граѓаните, соопштија од Управата за јавни приходи (УЈП). Планираните активности за миграција на системот на нова ИТ инфраструктура беа успешно завршени вчера попладне.

Од УЈП појаснуваат дека со ова унапредување и надградба на системот се обезбедува поголема сигурност, побрза работа, како и поголема достапност на услугата за сите корисници.

„Апликацијата „МојДДВ“ од вчера, 23.06.2026 година од 16 часот е целосно функционална, стабилна и достапна за користење. Граѓаните можат да продолжат со скенирање на своите фискални сметки“.

Со ова заврши најавениот привремен прекин поради техничко прилагодување, а корисниците веќе можат да ги користат сите услуги преку апликацијата.