Организиран од сајтот Вработување.ком, овој настан стана препознатлив белег за корпоративна одговорност, грижа за вработените и култура на работното место. Вечерта ќе биде посветена на оние компании кои – според мислењето на јавноста – не само што нудат добра плата, туку и вистинско чувство на припадност, развој и стабилност.
Ке бидат доделени награди по категории следејќи ги трендовите на пазарот на труд, а оваа година за првпат ќе бидат прогласени прво, второ и трето место во категоријата „Најпосакуван работодавач“ – врз основа на анкетен прашалник дистрибуиран на национално ниво.
За сите заинтересирани компании и HR професионалци, пак, ќе биде достапен и специјален извештај од истражувањето – со увид во перцепцијата на брендот како работодавач и анализа на очекувањата на потенцијалните кандидати.
Традиционално настанот Работодавач на годината се поклопува со роденденот на сајтот Вработување.ком кога ќе се прослават и 22 години од отворањето на првиот портал за огласување на работни места.
Настанот ќе се одржи во Хотел Лимак на 16 Април 2025, со почеток во 20:30 ч.