„Охрид е подобар од море“ - Познат хрватски блогер сподели видео од авантурите во Охрид
Актуелно

„Охрид е подобар од море“ - Познат хрватски блогер сподели видео од авантурите во Охрид

05. 08. 2025.

Охрид е подобар од море, ова го порача во видео позантиот хрватски блогер Милош Самарџија.

Тој во видео објавено на „Јутјуб“ ги споделува своите впечатоци од градот и охридското крајбрежје.

Во видеото, Самарџија со ентузијазам истакнува дека Охридското Езеро го надминува и самото море кога станува збор за природна убавина, чистота и атмосфера, испраќајќи порака дека Македонија има скриени бисери вредни за посета. 

Многумина се согласија со него во коментарите под видеото, а истакнаа и дека Македонците се љубезен и гостопримлив народ. 

Извор: skopjeinfo.mk