Од надлежните информираат дека од 25 јуни во функција се пуштени и камерите на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца.
Од СВР Охрид апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањето на брзината на автопатската делница кај Ново Село.
Како што информираа од МВР за Скопје Инфо, поставувањето на камерите продолжува и во останатите Сектори за внатрешни работи низ државата, при што системот ќе се пушта во употреба поетапно. До крајот на годинава сите градови во земјава треба да бидат покриени со проектот.
Според официјалните податоци, од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, од 2. февруари до 22. јуни 2026 година, се регистрирани повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци, информираа од полицијата.
Од нив, над 95% се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, што укажува дека брзото возење и натаму е најчестиот прекршок на македонските патишта, споделуваат од полицијата.
