Porsche Cayenne Electric официјално пристигна во Македонија
Актуелно

Porsche Cayenne Electric официјално пристигна во Македонија

26. 06. 2026.

Македонската публика за првпат имаше можност официјално да го запознае новиот Porsche Cayenne Electric, најновиот целосно електричен SUV на германскиот производител. Моделот беше претставен на свечен настан, со што и официјално започнува неговото присуство на домашниот пазар.

Новиот Cayenne Electric е поставен на унапредена PPE платформа и доаѓа во повеќе верзии. Основниот модел располага со до 441 КС, додека најмоќната Turbo Electric изведба развива дури 1.156 КС при Launch Control и забрзува од 0 до 100 km/h за само 2,5 секунди.

Сите верзии користат батерија со капацитет од 113 kWh, која поддржува ултрабрзо полнење до 400 kW, овозможувајќи полнење од 10 до 80 проценти за околу 15 минути во идеални услови.

Покрај високите перформанси, новиот електричен SUV нуди и целосно дигитализиран ентериер со OLED екрани, head-up дисплеј и напредни системи за асистенција, со што Porsche прави уште еден голем чекор кон својата електрична иднина.