Во јуни 2025 година просечната нето-плата изнесувала околу 45.468 денари, што значи дека за една година просечната заработка се зголемила за приближно 2.913 денари.
Растот не бил ист во сите дејности. Најголемо зголемување на просечната нето-плата е забележано кај административните и помошните услужни дејности, каде што платите пораснале за 10,6 отсто.
Следуваат земјоделството, шумарството и рибарството со раст од 8,1 отсто и транспортот и складирањето со 8 отсто.
Сепак, во одредени сектори просечната плата во јуни била пониска во споредба со претходниот месец. Најголемо намалување има кај трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли, каде што падот изнесува 9 отсто.
Намалување е регистрирано и кај уметноста, забавата и рекреацијата, со 6,2 отсто, како и кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, со 5,9 отсто.
Бруто-платата над 72.000 денари
Кога станува збор за бруто-платата, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни изнесувала 72.785 денари.
На годишно ниво, ова претставува раст од 6,5 отсто во однос на јуни 2025 година.
И кај бруто-платата најголем раст е забележан кај административните и помошните услужни дејности, со 10,7 отсто. Земјоделството, шумарството и рибарството, како и транспортот и складирањето, бележат раст од 8,1 отсто, додека преработувачката индустрија има зголемување од 7,7 отсто.
Во однос на претходниот месец, најголем пад на бруто-платите има во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли, со 8,6 отсто. Во уметноста, забавата и рекреацијата падот е 6,2 отсто, а во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 6,1 отсто.
Иако просечната плата расте, самата просечна вредност не значи дека сите вработени земаат близу 48.381 денар. Висината на заработката значително се разликува зависно од секторот, професијата и работното место.
За попрецизна слика за платите по професии и позиции, корисни се и податоците од MojaPlata.mk, каде што може да се споредат платите според различни работни места и занимања на македонскиот пазар на труд.
