Во минатото се знаело, први и втори мај, слободни денови. Први мај, ден на трудот обично имало некој марш, се било на страна на работниците, а втори мај бил ден за излет, за скара и дружење.
Граѓаните се сеќаваат на тоа време. Време кое им носи убави спомени.
Според дел од граѓаните симболиката на првомајските празници се губи во транзицискиот период. За разлика од порано кога немавме многу, но имавме сите, денеска материјалната состојба ги селектира оние кои ќе отидат на најблиското излетничко место или ќе заминат надвор од државата, вели една скопјанка.
„Оваа ситуација придонесе тага во очите на луѓето. Не може да си дозволат основни нешта, да излезат надвор два дена и да си дадат оддишка.“
Првомајските празници го изгубија некогашното значење, се присетуваат некои од граѓаните. Еве како порано се празнувало:
„Тие времиња беа со многу радост, уживање, смеа, понекогаш се одеше надвор од градот, во околината, со храна, со музика.“
