Нови жители во Зоолошката градина во Скопје: Пристигнаа пет видови животни
Актуелно

Нови жители во Зоолошката градина во Скопје: Пристигнаа пет видови животни

29. 10. 2026.

Скопската зоолошка градина, која годинава одбележува 100 години од своето постоење, доби нови жители. Во зоолошкото семејство пристигнаа неколку интересни животински видови кои посетителите наскоро ќе можат да ги видат одблиску.

Како што информираа од Зоолошката градина, новите членови се патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и лебеди.

Животните во моментов се сместени во задолжителен карантин, каде што се под постојана грижа и ветеринарен надзор. Овој период е неопходен за нивно безбедно приспособување на новата средина.

Од Скопје ЗОО најавуваат дека, по завршувањето на карантинот, новите жители ќе бидат достапни за посетителите.

Пристигнувањето на новите животни е дел од убавите вести со кои Зоолошката градина го одбележува својот голем јубилеј – еден век постоење.