Во истиот период биле реализирани 77.347 ноќевања, што уште еднаш го потврдува Охрид како најпосетуваната туристичка дестинација во земјава.
Најбројни меѓу странските посетители биле туристите од Турција – 6.950. Следуваат гостите од Србија (3.852), Германија (3.674), Грција (1.578) и Франција (1.158).
На ниво на државата, во мај Македонија ја посетиле 131.723 туристи, од кои 24.967 домашни и 106.756 странски. Во истиот период биле реализирани вкупно 236.727 ноќевања.
Статистиката покажува дека туристичкиот сектор продолжува да расте. Во периодот јануари – мај 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 2,6 проценти во споредба со истиот период лани. Бројот на домашните туристи е намален за 4,4 проценти, додека бројот на странските е зголемен за 4,9 проценти.
Зголемување е забележано и кај вкупниот број ноќевања, за 1%. Ноќевањата на домашните туристи се намалени за 4,1 процент, а кај странските е регистриран раст од 3,3 проценти.
Податоците потврдуваат дека Охрид и понатаму останува водечка туристичка дестинација во Македонија, со најголем интерес од странските гости во пресрет на летната сезона.
