Според актуелните пресметки, минималниот износ на К-15 годинава би требало да изнесува околу 19.116 денари.
Износот се пресметува врз основа на просечната нето-плата исплатена во февруари, март и април 2026 година, која во просек изнесува околу 47.790 денари. Согласно колективниот договор, минималниот регрес изнесува 40 проценти од утврдената основица.
Право на К-15 имаат работниците во приватниот сектор кои имаат најмалку шест месеци непрекинат стаж кај истиот работодавач во текот на календарската година.
Работодавачите можат да исплатат и повисок износ, доколку тоа го дозволуваат нивните финансиски можности и интерните правила.
К-15 не претставува подарок или бонус, туку право на работниците утврдено со колективните договори.
