Покрај него, на панелот учествуваа и:
- Branko Azeski – претседател на Стопанската комора на Северна Македонија
- Dimitar Klisarovski – потпретседател на Шведско-македонската стопанска комора
- Orce Simov – професор на Heidelberg Business School
- Sami Morina – член на Одборот на директори на Стопанската комора на Северозападна Македонија
- Antje Wandelt – делегат на Германско-македонската стопанска асоцијација (AHK)
- Eliza Prendzov – претседател на Американската балканска глобална стопанска комора
- Boban Popeski – главен извршен директор на Lockport Finance, САД
Дебатата ги отвори клучните прашања за јазот помеѓу образованието и бизнис секторот, со фокус на:
- што навистина бараат компаниите од младите дипломци
- значењето на практичните и „меки“ вештини
- потребата од посилна соработка помеѓу образовните институции и компаниите
Во своето излагање, Велков посочи дека младите денес имаат јасно дефинирани очекувања од работодавачите и дека професионалниот развој е нивен приоритет број еден, што го потврдуваат и податоците од истражувањето на Vrabotuvanje.com.mk.
„Gen Z не ја избира компанијата според брендот, туку според можноста да учи и да напредува. Ако нема развој – нема ни задржување на младите,“ беше дел од пораката на Велков.
Настанот собра претставници од бизнис секторот, академската заедница и меѓународни организации, со заедничка порака:
иднината на младите зависи од реалното поврзување на образованието со потребите на компаниите.
