Оваа земја е прва во ЕУ по потрошувачка на енергија за ладење
Актуелно

Оваа земја е прва во ЕУ по потрошувачка на енергија за ладење

09. 07. 2026.

Италија е лидер во ЕУ по потрошувачка на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули (TJ), а зад неа следуваат Шпанија со 14,3 илјади TJ и Грција со 11,9 илјади TJ во 2024 година, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Воедно, вкупната потрошувачка на енергија за ладење во Европската Унија речиси се удвоила во периодот од 2018 до 2024 година – од 40,5 илјади TJ на 80,4 илјади TJ. Во овој период потрошувачката растела речиси секоја година, со исклучок на 2020 година (-2,5%) и 2023 година (-1,9%), кога е забележан пад во однос на претходната година.

Кипар и Малта имаат најголем удел на енергија што домаќинствата ја користат за ладење – 16, односно 15 проценти. Потоа следуваат Грција со 7,4 проценти, Шпанија со 2,5 проценти и Италија со 2,3 проценти.