Кој најмногу нè посетува? Турските туристи убедливо на првото место во јануари
Актуелно

Кој најмногу нè посетува? Турските туристи убедливо на првото место во јануари

11. 03. 2026.

Во јануари 2026 година 52 943 туристи оствариле 103 983 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јануари 2026 година изнесува 52 943, од кои 38.2 % се домашни туристи, а 61.8 %  се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јануари 2026 година изнесува 103 983, од кои 45.5 % се од домашните туристи, и 54.5 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.7 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 10.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 4.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 7.7 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јануари 2026 година

  • 6 732 од Турција
  • 3 563 од Србија
  • 3 256 од Бугарија
  • 3 060 од Грција

Извор: biznisinfo.mk