Добри вести од ЦУК: Нема активни пожари
Актуелно

Добри вести од ЦУК: Нема активни пожари

17. 09. 2026.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 16 пожари на отворен простор. Од нив, 14 се целосно изгаснати, а два се ставени под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов нема активни пожари на територијата на земјава.

Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.