Починати и иселени меѓу корисниците на социјална помош: Откриени над 4.500 спорни случаи
Актуелно

Починати и иселени меѓу корисниците на социјална помош: Откриени над 4.500 спорни случаи

07. 10. 2026.

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност биле идентификувани како спорни.

Меѓу нив има починати лица, иселени граѓани и лица кои не ги исполнувале условите за добивање социјална помош. Проверките сè уште не се завршени, а треба да бидат проверени уште околу една петтина до една шестина од корисниците.

Исплатата за овој месец е за околу 200 милиони денари пониска во споредба со истиот период минатата година. Проценките се дека со контролите би можело да се заштедат околу 25 милиони евра годишно.

Засега нема детална официјална структура за тоа колку од спорните случаи се однесуваат на починати, иселени или други корисници. Нема ниту конечен извештај од проверката.

Претходно, Државниот завод за ревизија утврди слабости во контролата и размената на податоци меѓу институциите. Во периодот од 2022 до јуни 2025 година биле откриени 235 корисници кои истовремено користеле социјална помош и пензија, со неосновани исплати од околу 236.000 евра.

Контролите најавено е да продолжат и во други системи, меѓу кои и здравството.