И актуелните прогнози покажуваат продолжување на топлото време, со температури кои во одделни делови од земјата достигнуваат и до 40 степени.
Преминот од лето кон есен годинава би можел да биде постепен. Иако септември вообичаено носи посвежи утра, дневните температури може да останат високи, со повремено многу топли денови.
Сепак, не се исклучуваат и периоди на нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните и вечерните часови.
Доколку долгорочните прогнози се остварат, вистинското есенско заладување ќе го почекаме до октомври.
