Австрискиот медиум KOSMO ја пренесува приказната на Хрватот кој пред шест месеци, преку спојување на семејството, ги донел сопругата и детето кај себе во Германија.
Во Фејсбук групата „Leben in Deutschland“ отворено ја споделил својата ситуација: со месечна плата од 1.800 евра, едвај врзува крај со крај.
Само киријата изнесува 1.100 евра, а градинката дополнителни 300 евра. Она што останува од платата едвај е доволно за основните животни трошоци.
Но, финансиските проблеми се само дел од приказната со која се соочуваат нашинците и Балканците.
Детето, не го знае јазикот, па заради тоа тешко се вклопува во градинка, а и процесот на адаптација оди бавно.
Сопругата не зборува германски, што значително ја отежнува можноста за вработување – без јазик, наоѓањето работа во Германија е речиси невозможно.
Реакциите во групата биле поделени. Дел од корисниците покажале разбирање и советувале трпение: децата брзо го совладуваат јазикот во градинка, а со време работите се стабилизираат.
