Најпопуларни работодавачи во прехранбената индустрија – кој ќе победи годинава?
Актуелно

Најпопуларни работодавачи во прехранбената индустрија – кој ќе победи годинава?

09. 01. 2026.

Погледнете ја листата на најдобрите 10 од лани

Во рамки на изборот за Работодавач на годината, во 2024 година беа издвоени следните компании како најпопуларни работодавачи во категоријата Производство на храна, според гласовите на јавноста:

  1. ВИТАМИНКА АД Прилеп
  2. ЕВРОПА АД Скопје
  3. ЖИТО ЛУКС
  4. МАКПРОГРЕС ДОО Виница
  5. ВИТАЛИА Никола и др. ДОО
  6. ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец
  7. ЦЕРМАТ Производство ДООЕЛ увоз-извоз Битола
  8. Прехранбена индустрија СВИССЛИОН ДОО Скопје
  9. ПИ Кристал 1923 А.Д.
  10. МУЛТИПРОМ ДООЕЛ 

Што ги прави работодавачите атрактивни?

Според резултатите од истражувањето, учесниците како клучни причини за атрактивност на најпопуларните работодавачи ги издвојуваат:

51,19% – Добри меѓучовечки односи и позитивна работна атмосфера

44,05% – Добар третман на вработените од страна на претпоставените

35,71% – Можност за професионален напредок и учење

Податоците јасно покажуваат дека, покрај платата, луѓето најмногу ја вреднуваат културата, односите и можноста за развој.

Овој редослед ја отсликува перцепцијата и искуството на вработените и јавноста во 2024 година. Но пазарот на труд е жив и се менува па 2025 година очекуваме и изненадувања!

 Кој ќе се искачи на врвот на најпосакуван работодавач за 2025  година? ГЛАСАЈ ТУКА 
 Кој работодавач денес ги нуди најдобрите услови, стабилност и грижа за луѓето?

Гласањето за Работодавач на годината 2025 година е отворено, а секој глас е можност да се препознае вистинската вредност – тука и сега.

Со учество во гласањето, јавноста директно влијае врз тоа кои компании ќе бидат препознаени како работодавачи што вложуваат во своите вработени.

Гласајте и бидете дел од изборот.