Еве што ни носи продолжениот викенд: Најнова прогноза од УХМР
Актуелно

Еве што ни носи продолжениот викенд: Најнова прогноза од УХМР

26. 08. 2026.

Управата за хидрометеоролошки работи ја објави најновата временска прогноза за Македонија.

Според УХРМ, следува период на сончево и топло време. Попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до времето денес, од УХМР велат дека ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.