Причината се бавни и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и институциите, поради што многу студенти не се нашле на листите за ноември и им било прекинато правото на оброк.
„Сега, кога рокот за аплицирање е завршен, тие ќе можат повторно да аплицираат дури во декември, што значи дека ќе останат без оброк цели два месеца“, информираат од СтудентаријаМК, повикувајќи го Министерството за образование и наука да интервенира и да им го овозможи правото што им следува со закон.
