Ремек-делото е создадено во 1890 година, во последните два месеци од животот на уметникот, а прикажува расцветани костени во францускиот град Овер-сур-Оаз.
Продажбата во аукциската куќа „Сотби“ го надмина претходниот рекорд на Ван Гог од 117,2 милиони долари, поставен во 2022 година.
Но, зад рекордната продажба се крие и контроверзна приказна.
Потомците на поранешниот сопственик, германско-еврејскиот издавач Самуел Фишер, ја оспорија продажбата на сликата од 1936 година, тврдејќи дека семејството било принудено да се откаже од неа поради нацистичкиот прогон.
Непосредно пред аукцијата, наследниците и досегашните сопственици постигнале договор што овозможил продажбата да се одржи. Деталите од договорот не се објавени.
Идентитетот на новиот сопственик засега останува непознат.
Иронично, Ван Гог, кој за време на својот живот продал многу малку слики, денес е еден од најскапите и најценетите уметници во светот.
