Трошоците за храна приближно колку една минимална плата
Актуелно

Трошоците за храна приближно колку една минимална плата

28. 07. 2026.

Сојузот на синдикати пресмета дека минималните трошоци на четиричлено семејство во јули изнесувале 68.498 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 83.873 денари.

Според објавените податоци, речиси половина од синдикалната кошничка оди за храна и режиски трошоци. Само трошоците за храна се приближно до законски утврдената минимална плата.

Во однос на јуни, вредноста на синдикалната минимална кошничка е намалена за 156 денари.