ПЛАТА ОД 38.700 ДО 50.300 ДЕНАРИ: КЕКО МОТОРС вработува на повеќе позиции!
Издвоени огласи

ПЛАТА ОД 38.700 ДО 50.300 ДЕНАРИ: КЕКО МОТОРС вработува на повеќе позиции!

25. 08. 2025.

4 слободни позиции

Приказната на КЕКО МОТОРС започнува во 2000-та година кога е основана мала компанија од областа на продажба на резервни делови за скутери и моторцикли.

Денес нашата компанија прерасна во сериозен партнер на секој клиент кој има потреба од високо квалитетни резервни делови и опрема за сите видови скутери, моторцикли, велосипеди, култиватори, моторни пили, градинарска опрема и пумпи за наводнување. Нудиме широка палета на резервни делови од различни брендови со одличен квалитет, со асортиман од преку 20 000 производи.

Ексклузивни увозници сме на познати европски брендови за резервни делови, моторни масла, гуми како MITAS, IPONE, RMS, MALOSSI и други.

КЕКО МОТОРС денес е лоцирана на ул. Тодор Чангов бр. 83/А, н. Лисиче – Скопје, Република Македонија. Располага со продажно–изложбен салон и магацински простор.

Нашата цел е задоволување на растечките потреби на клиентите, на што сме секојдневно посветени, а признание за нашата посветеност претставува соработката и многубројните задоволни клиенти од земјава и соседните земји.

Во моментот, слободни се следните работни позиции:

Контролор во магацин
почетна месечна нето плата + бонуси: 41.300 денари

линк за повеќе детали и аплицирање

Спремач на роба
почетна месечна нето плата + бонуси: 38.700 денари
линк за повеќе детали и аплицирање

Големопродажен агент
почетна месечна нето плата + бонуси: 50.300 денари
линк за повеќе детали и аплицирање

Малопродажен агент
почетна месечна нето плата + бонуси: 50.300 денари
линк за повеќе детали и аплицирање