Под мотото „Тимот е нашата супер моќ“, вработените имаа можност да се поврзат, да разменат искуства и да создадат моменти кои ќе се паметат долго. Настанот беше можност за продлабочување на довербата, зајакнување на тимскиот дух и потсетување на вистинските вредности што ја движат компанијата напред.
Прекрасната природа, позитивната енергија и внимателно осмислените активности – од интерактивни игри и работилници до неформално дружење – создадоа простор каде што луѓето се поврзаа на подлабоко ниво.
Вработените од различни сектори заеднички изградија уште посилни релации и го потврдија она што го практикуваат секојдневно: успехот е резултат на тимска работа, а не индивидуален подвиг.
Меѓу највредните пораки што произлегоа од настанот беа:
– дека едноставното „благодарам“ може да направи голема разлика
– дека искрената комуникација гради стабилни релации
– дека соработката, поддршката и заедничката цел се основа на секој успех
„Не се откажуваме – ни кога е тешко, ни кога е лесно. Заедно градиме, заедно победуваме“, беше пораката што најмногу одекна меѓу тимот.
Од компанијата истакнуваат:
„Смеата, поддршката и отворената комуникација се дел од нашата култура. Тимот е нашата вистинска предност.“
Овој настан уште еднаш покажа дека кога луѓето се навистина поврзани – секој предизвик станува полесен, а секој успех добива поголема вредност.
