Flying Tiger Copenhagen пристигнува во Македонија – тимот е во формирање!
Актуелно

Flying Tiger Copenhagen пристигнува во Македонија – тимот е во формирање!

05. 09. 2025.

Отворени позиции во Скопје и Тетово

Flying Tiger Copenhagen пристигнува во Македонија! 
Дали сте подготвени да бидете дел од нешто ново и возбудливо?

Flying Tiger Copenhagen е дански бренд со долгогодишна традиција и широко развиена малопродажна мрежа во 27 земји, со над 1000 продавници ширум светот. Познат по својата уникатна понуда на креативни, практични и забавни производи кои го разубавуваат секојдневието, Flying Tiger Copenhagen ја започнува својата авантура во Македонија. Во потрага сме по ентузијастични и мотивирани кандидати, кои ќе го лансираат и предводат новиот бренд на пазарот. 

Менаџер на продавница - Тетово
линк за повеќе детали и аплицирање

Продажни асистенти
линк за повеќе детали и аплицирање

 
 
Во Flying Tiger, ништо не е обично. Секој производ има приказна, а секоја продавница е мало искуство само по себе. Со оригинален пристап и скандинавски дизајн, брендот нè потсетува дека малите работи можат да направат голема разлика.

Подгответе се – Flying Tiger Copenhagen доаѓа со ветување за повеќе радост, боја и инспирација во секојдневието!