Едноставно, природата не ни дала нафта, ама не наградила со чиста вода. Ние треба сето тоа да го чуваме и користиме како што треба.
Сепак, сликата на терен покажува дека одговорот на овој предизвик не е баш охрабрувачки.
Најактуелен е случајот со Струга каде граѓаните со недели немаа исправна вода за пиење поради загадување на изворот од човечко невнимание, негрижа и алчност.
Експерти минатата недела предупредија дека под можна закана е и изворот Рашче, главниот водоснабдителен систем на Скопје.
Проблемите не застануваат тука, тие се само продолжение на, со години, потешкотиите со водоснабдувањето во дел од македонските градови.
Затоа Светскиот ден на водата не треба за Македонија да е само симболичен датум, туку да биде поттик за конкретни политики, контроли и инвестиции во заштита на водните ресурси.
И институциите и граѓаните мора да си повторуваат постојано – водата не е неисцрпна, а нејзината вредност најчесто се сфаќа дури кога ќе ја снема.
Извор: skopskoeho.mk
